Тренерот на Ефес не го дочека крајот – го напушти мечот пред време (ВИДЕО)

249

Анадолу Ефес испадна од трката за Топ 8 во Евролигата. Актуелниот и двократен последователен шампион на Европа загуби во истанбулското дерби против Фенербахче и остана без пласман во плеј-офот.

На крајот од натпреварот тренерот на Ефес, Ергин Атаман, отиде во соблекувалната пред последната сирена, со иронично поздравување на навивачите на Фенер и поздрав со тренерот Димитрис Итудис.

Причината за ваквиот потег е што стратегот на Фенер побара од судиите да погледнат една ситуација иако неговиот тим водеше убедливо, ова беше доволно за да Атаман се изнервира и пред време да си замине од теренот.

ПретходноМЗТ Скопје гостин на Сплит: Немаме право на кикс, само со борбена игра ќе го освоиме Сплит!
СледноГибралтар мора да падне