МЗТ Скопје чекори по тенка, но надежна линија во АБА-лига. Тимот од Аеродром во финишот на сезоната, поточно во претпоследното коло го запиша првиот гостински триумф – најважниот до сега.
Со победата над Сплит од 74-77, МЗТ Скопје остана во игра за опстанок во елитното друштво. На клупата на „сино-белите“ беше Васко Атанасов, кој има право на максимално задоволство, бидејќи со останатиот дел од стручниот тим, а во отсуство на Драган Николиќ се враќаат со цел плен од Скопје.
„Прво би сакал да му се заблагодарам на Сплит за одличниот пречек. Честитки за публиката и убавата атмосфера, но најмногу честитки за мојата екипа и стручниот штаб. Знаевме колку е важен овој меч за да се одржиме во живот. Ова е прва победа на гостински терен оваа сезона и најважна. Одигравме добар меч, го контролиравме мечот скоро 33 минута, сите пофалби до моите играчи“, изјави Атанасов, кој најави дека против Цибона во последното коло салата ќе биде полна:
„Во Скопје ќе биде полна сала, од тој меч ни зависи цела сезона, се доведовме во позиција да зависиме и други, се надеваме на најдобар можен исход до следната недела“.