Барса бара пари за да го купи Жоао Кансело

320

Жоао Кансело кој настапува во Баерн (М) како позајмен од Манчестер Сити, следната сезона може да замине во трет клуб. Шпански „Спорт“ пишува дека Барселона е заинтересирана за офанзивниот бек, но прашање е дали финансиски може да најде решение за негов потпис.

Баерн наводно има опција за откуп на договорот од Манчестер Сити за 70 милиони евра. Доколку Барса сака да го ангажира Кансело, кој се уште има договор до 2027 година со Сити, сумата би била можеби и повисока.

28-годишниот Португалец досега одигра 11 натпревари за Баерн Минхен.

ПретходноЕмполи остана непоразен на „Сан Сиро“: Жиру постигна гол, но ВАР го поништи
СледноДончиќ ја заврши сезона после една четвртина, Далас одлучи да не игра во плеј-ин (ВИДЕО)