Агенцијата за млади и спорт во соработка со кајак федерација одржа прес конференција по повод престојната манифестација која на некој начин ја одбележува убавината на нашата држава и Скопје како главна метропола-54 ти ИЛИНДЕНСКИ КАЈАК СЛАЛОМ ИКАС 2023 и ЕВРОПСКИ КУП ВО СПУСТ НА ДИВА ВОДА СКОПЈЕ 2023, кој е закажан за 08 и 09 Април. Почетокот на трките е закажан за 10 часот , а финалето ќе се одржи во недела со почеток од 16 часот.
На пресот со свое видување се обратија директорот на Агенцијата за млади и спорт Наумче Мојсовски, претседателот на Кајак федерацијата Дрилон Леши, како и техичкото лице во федерацијата Елена Чуркоска.
-Ова е една од најстарите манифестации во Европа, а потврда за успешната организација во сите изминати години го услови и добивањето на организацијата на ЕВРОПСКОТО ПРВЕНСТВО ЗА СЕНИОРИ во дисциплината Спуст на дива вода во месец Мај 2023 година. Агенцијата за млади и спорт ќе помогне во организацијата на оваа манифестација со цел да се претставиме во најдобро светло, истакна Мојсовски.
Натпреварите започнуваат во 10 ч сабота со квалификациски трки на ИКАС 2023, додека од 14ч се планирани квалификации за ЕКА купот , а истиот ден во 16ч ке стартува и финалето на ЕКА купот.
Следниот ден во недела ќе ги проследиме полуфиналните и финалниот натпревар на Илинденскиот кајак слалом 2023 година.
Еден од главните фаворити на ИКАс 2023 е нашиот натпреварувач Ангелче Петрушев на кого дирекна конкуренција годинава ќе му бидат репрезентативецот на Косово Ѓоши , Репрезентативците на Турција Репрезентативците на Казахстан … па со сигурност ќе пратиме возбудливи натпревари а влезот во финалето ќе биде разлика од само неколку стотинки .
На крај беше соопштено дека најголемиот фокус на КФМ годинава е престојното европско првенство за сениори во дисциплината спуст во мај (16-20 ) на кое до сега се пријавени 25 држави учеснички а се очекува бројката да стигне до 28-30 држави учеснички