Денеска женската македонска фудбалска репрезентација до 19. години од 13:00 во Скопје го игра вториот дуел од квалификациската група против соодветната селекција на Гибралтар.
Откако го добивме првиот дуел против Грузија со 4:0, сега е време да стигне и до втората победа и потоа автоматски да се има можност да се заврши и како прв.
Нашите девојки секако дека се со многу мотиви и енергија да ја исполнат посакуаната цел, а потоа против Израел во последното коло да се бориме за лидерската позиција.