Димитриевски: Сонот ми е да играм со Македонија на Мундијалот во 2030

232

Нашиот репрезентативец голман, Столе Димитриевски пред викенд предизвиците во Примера, каде што се соочува со тимот на Атлетико Мадрид на домашен терен. Неговиот Рајо во принцип нема што премногу да е грижи сезонава, се наоѓа на солидно место на табелата но како што и самиот Столе вели секогаш може подобро.

Она што пак нас не интересира повеќе е освртот на нашиот голман во врска со репрезентацијата, односно неговиот одговор на прашањето какви се неговите планови во врска со националниот тим.

„Мојата желба е да играм со Македонија на мундијалот во 2030 година. Тогаш што се вели ќе бидам ветеран, ќе имам 36. години но тој турнир во Шпанија односно Португалија сакам да биде круна на мојата цела кариера“ – изјави Димитриевски.

 

ПретходноГибралтар мора да падне
СледноВанда Нара испрати „огнени стрели“ кон Шакира