Иако имавме водство уште на стартот од натпреварот со голот на Наташа Андонова, и тоа во 4.минута, сепак на крајот нашата најдобра женска репрезентација доживеа пораз со 3:1 од Албанија.
Ова беше првиот од двата пријателски натпревари овој месец. Денеска се играше во Елбасан со Албанија, а на 10 април гостуваме во Подгорица каде ќе ги одмериме силите со селекцијата на Црна Гора.