Интер се изнапромаши во Салерно, казната стигна кога најмногу боли, во 90.минута! (ВИДЕО)

203

Во меч од 29.коло во Серија А, доцна попладнево во Салерно, Салернитана и Интер одиграа 1:1. Интер уште еднаш не успеа да победи, а имаше водство се до 90.минута кога Кандрева, екс играчот на Интер, успеа да погоди за реми. Кандрева ги казни сите промашувања на гостите, посебно на Лукаку кој во најмала рака требаше да постигне хет – трик.

Да кажеме дека Интер дојде во водство со голот на Госенс уште во 6.минута и водеше се до 90.минута. Салернитана имаше шанса и во 71.минута, но Диа ја погоди пречката на гостите.

Ова беше шести меч за Интер во низа без победа, четврти во Серија А.

Со ова неочекувано реми, Интер патува во Лисабон, каде во вторник ќе го одигра првиот меч од 1/4 финалето во Лигата на Шампионите.

ПретходноКаков кикс: Кога по грешка ќе го каменуваш автобусот со своите играчи! (ФОТО+ВИДЕО)
СледноЖенската А-репрезентација поразена од Албанија!