И тоа се случи: Даниеле Квича, тоа е првото бебе во Неапол кое е крстено по Кварацкелија!

267

Дека малку недостига за да Неапол екпслодира тоа не е спорно. Се чекаат само уште неколку кола за да Наполи ја официјализира титулата во Серија А која ја чека 33 години.

Кварацкелија, Осимен, Елмас и другарите, а посебно Грузиецот е херој на фановите, омилен лик, па затоа ете, бидна и тоа. Имено Армандо и Клара, наполитанци и големи фанови на Наполи, своето новоредено бебе го крстиле по Кварадона, односно бебето се вика Даниеле Квича.

Навистина интересно, којзнае можеби во наредните денови во таа еуфорија некои фановив ќе го крстат своето бебе и по нашиот Елиф Елмас.

Лудница е под Везув.

ПретходноИграчот на Партизан се појави по осум дена задоцнување
СледноВучиќ: Погледнете го новиот Национален стадион, убавина! Водителот: Ама претседателе, овде се само ливади!