Каков кикс: Кога по грешка ќе го каменуваш автобусот со своите играчи! (ФОТО+ВИДЕО)

194

Ете, и тоа се случува и тоа во Ј. Америка и тоа во Аргентина, кога по грешка ќе го каменуваш автобусот со своите играчи место оној со гостинските.

Тоа се случи синоќа пред натпреварот меѓу Тигрес и Сао Паоло во меч од Копа Судамерикана. Позната е нетрпеливиста меѓу фановите од Аргентина и Бразил, но она што го направија фановите на Тигрес е повеќе од смешно.

Имено тие направиле заседа со цел да фрлаат со камења по автобусот на играчите на Сао Паоло, но прв се појавил оној на Тигрес, и тие го каменувале него, оној домашниот автобус.

Да кажеме дека на крај Сао Паоло победил како гости со 0:2, можеби фановите на Тигрес биле “заслужни“ за овој пораз.

За среќа освен материјалната штета немало повредени играчи во каменуваниот автобус.

Image

ПретходноСтруга ја продолжи победничката серија!
СледноИнтер се изнапромаши во Салерно, казната стигна кога најмногу боли, во 90.минута! (ВИДЕО)