“Кога Меси игра за ПСЖ наликува на духот Каспер“!

271

И оние најголемите фанови на Лео Меси ќе мора да се сложат дека, веројатно најголемиот фудбалер во историјата, во овие изминати две сезони не игра ништо во дресот на ПСЖ. За разлика од настапите за Аргентина, на која и ја донесе титулата светски првак, како и претходни кога го носеше дресот на Барселона, Лео во ПСЖ не дава ни дел од она што го знае.

Откако сега е во конфликт со фановите на “светците“ повеќе од јасно е дека тој ги игра последните мечеви за ПСЖ.

Новинарот на РМЦ Спорт, Даниел Риоло упати низа остри критики кон Лео.

Ако сте навивач на ПСЖ по што ќе го памтите Меси? Апсолутно по ништа, чиста – нула.Што направи тој за клубот? Само неколку голови и нешто асистенции, и тоа е тоа. Тој кога игра за ПСЖ наликува на духот Каспер. Збгогум Меси. Да, ти си еден од најдобрите во светот, но време е да се збогуваме“изјави Риоло.

ПретходноСо гол во финишот Јуниор КВ остана непоразен во Куманово
СледноДедото на Ѓоковиќ: Новак по мајчина страна е Хрват!