Се чини дека толку беше од кариерата на Златан Ибрахимовиќ во Милан. Имено ветеранот, посебно по операцијата и долгата пауза, сега е само бледа сенка од оној Златан од минатите сезони, па раководството на Милан одлучило да не му го продолжи договорот кој му истекува во јуни.
За ова е свесен и самиот Ибрахимовиќ, кој веројатно ќе ја прифати понудата на Монца, односно на двоецот Берлсукони – Галијани, но проблемот е сега што неговиот голем пријател, екс – газдата на Милан и екс – премиер на Италија, Силвио Берлускони е болен од леукемија.