Наполи им се врати на победите, Елмас 90 минути на терен (ВИДЕО)

313

Фудбалерите на Наполи по убедливиот пораз од Милан во минатото коло, успеаја да се рехабилитираат со победа на гости кај Лече вечерва со 2:1.

Иако можеби се очекуваше поубедлива победа на гостинскиот тим, на крајот лидерот мораше да се задоволи само со два постигнати гола.

Во 18. минута гостите поведоа, откако Ди Лоренцо одлично погоди со глава по нафрлувањето во домашниот шеснаесетник. Голема шанса за водство од 2:0 имаше Лозано, кој не успеа да го измами домашниот голман.

На отворањето на вториот дел Лече израмни. Федерико Ди Франческо лесно ја исчисти одбиената топка и постигна гол за израмнување. Наполи имаше среќа и со автоголот на Антонино Гало дојде до победа.

Елиф Елмас беше стартер за Наполи и го одигра целиот меч.

ПретходноФаворитите тргнаа со победи, одлуката за финалистите паѓа викендов
СледноНов атлетски допинг скандал: Суспензија за светската шампионка на 3000 метри стиплчез