Штета, нема финале за нашиот најдобар тенисер Калин Ивановски на турнирот во Дубровник, и тоа во двојки. Имено попладнево Калин со својот колега Хрватот, Лука Микрут беа поразени од Адам Тејлор (Австралија) и Ерик Ваншелбум (Украина) со 0:2 во сетови. Првиот сет го загубија со 6:7 односно во тај-брејк со 7:9, додека во вториот сет беше 3:6 за победничката двојка.