Падна и Гибралтар, Македонија со шест бода по две кола

943

Женската македонска фудбалска репрезентација до 19. години со 3:0 предмалку на домашен терен ја совлада репрезентацијата на Гибралтар и на тој начин има освоено шест бода по две одиграни кола на квалификацискиот турнир.

Во далеку подобра игра од противникот, Македонија со головите на Паневска и Сеља, успеа да обезбеди убедлива предност уште пред полувреме, а потоа рутински да го доведе мечот до крај.

Сега, на ред е дуелот против лидерот на табелата Израел со кој директно ќе се судриме за пласман во следната фаза од квалификациите.

 

ПретходноСолскјер ќе го преземе Клуб Бриж
СледноВикендов по 54-ти пат ќе се одржи Илинденски кајак слалом Икас 2023!