МЗТ Скопје направи уште еден важен чекор кон сонот наречен опстанок во АБА-лига. Актуелниот македонски првак славеше со нагостувањето кај Сплит со 74-77 во рамките на претпоследното коло од регуларниот дел и сега останува да чека пораз на Борац од Црвена Звезда за да остане во игра за бараж мечот.
На оваа средба на клупата на тимот од Аеродром го немаше Драган Николиќ, поради коронавирус мораше да остане во Скопје. Диригентската палка му припадна на младиот Васко Атанасов.
Овој млад стратег долго време ќе ја памети победа во Сплит. Истата не е било каква, туку остварена во еден од најтешките и најнеизвесен период за МЗТ Скопје. Притисокот беше голем, но Атанасов одлично менаџираше со расположливите сили. Својата смиреност ја пренесуваше на кошаркарите, покажа дека во него има голем потенцијал, кој мора да се искористи во иднина.
Инаку за МЗТ Скопје ова беше шеста победа оваа сезона, има уште 19 порази.