И дефинитивно се чини дека во Челзи едноставно не знаат што прават. Откако се “расфрлуваат“ со пари за нови имиња го ангажираа оној “несреќен“ Греам Потер за тренер. И кога видоа дека со него немаат ни игра ни резултати, по само неколку месеци беше сменет. Вчера како В.Д тренер го назначија, односно го вратија на клупата Френк Лампард, кој ќе ја води екипата до крајот на сезоната.
Во меѓувреме раководните лица на Челзи и натаму преговараат со познати имиња за шеф на струката од новата сезона. Веќе имало преговори со Луис Енрике, Јулин Нагелсман, а на списокот е и Маурицио Покетино.
Во меѓувреме денеска од Островот дојде сензационална вест. Имено на списокот со кандидати за тренер на тимот од “Стемфорд Бриџ“ биле е Карло Анчелоти, кој веќе беше во Челзи и Марсело Галјардо, аргентинскиот стратег кој се покажа на клупата на Ривер Плата.