Норвешкиот стратег Оле Гунар Солкјер е пред ангажман во тимот на Клуб Бриж. Белгискиот гигант неодамна остана без тренер, а преговорите како што јавуваат англиските медиуми со Солскјер се во напредна фаза.
Норвежанецот извесен период е без ангажман, и ова ќе му биде прво работно место откако си замина од Манчестер Јунајтед.
Бриж во моментов се мачи на резултатски план и е петти на табелата во Белгија.