Ракометарите на Јуниор КВ со гол во последниот напад се изборија за реми на дуелот со Куманово од плеј-аутот во домашното првенство. Средбата во Куманово заврши со нерешени 24:24.
Кумановци на осум натпревари во плеј-аутот забележаа шест победи, но не успеаја да слават и против Јуниор КВ кој се наоѓа во опасната зона за испаѓање.
Најефикасен во домашниот тим беше Немања Ѓурашковиќ со шест гола, додека кај гостите прв стрелец беше Филип Петровски со исто толку реализации.