Попладнево меч од 8.коло во плеј-аутот од нашата ракометна елитна лига, екипата на Струга на свој терен со 31:25 успеа да го победи тимот на Скопје и со тоа да ја продолжи својата победничка низа.
Уште на стартот од натпреварот како да се виде кој ќе победи на оваа средба, посебно по водството на стружани со 4:0 и
10:1.
Откако на пауза се замина со 18:8, логично беше во вториот дел да дојде до мало опуштање кај домашните, но сепак на крајот Струга на крајот успеа да триумфира со 31:25.
Лазаревиќ со 9 и Бугариновиќ со 7 погодици беа најефикасните кај победничкиот состав, додека кај гостите Мишевски стрелаше во десет наврати.