Томас Тухел: Јасно е дека не сме во топ форма

91

Откако шокирачки, тимот на Баерн Минхен испадна во националниот куп на Германија, стана јасно дека „Баварците“ не се во најдобата можна форма.

Поточно, дека во екот на сезоната имаат проблеми и е јасно дека ќе мора да се поправат. Особено што викендов во рамките од Бундес лигата се среќаваат со истиот противник, екипата на Фрајбург.

„Ни недостига завршниот пас, малку прецизност. Ни недостасува леснотија, малку самодоверба, а со тоа и малку креативност. Генерално ни недостасува добра форма. Треба да бидеме поодржливи, да се развиваме како тим. Свесни сме дека не сме во топ форма, но работиме во вистинска насока. Ќе ни биде тешко бидејќи Ерик Чупо Мотинг денеска нема да патува за Фрајбург со нас но се надеваме дека ќе биде тука за мечот со Сити. Натпреварот против Фрајбург доаѓа прерано и за Матис Тел“ – изјави денеска на официјалната прес конференција на Баерн, Томас Тухел. 

 

 

ПретходноШефовите на Барса имаат доверба во Чави
СледноСолскјер ќе го преземе Клуб Бриж