Анадолу Ефес испадна од трката за Топ 8 во Евролигата. Актуелниот и двократен последователен шампион на Европа загуби во истанбулското дерби против Фенербахче и остана без пласман во плеј-офот.
На крајот од натпреварот тренерот на Ефес, Ергин Атаман, отиде во соблекувалната пред последната сирена, со иронично поздравување на навивачите на Фенер и поздрав со тренерот Димитрис Итудис.
Причината за ваквиот потег е што стратегот на Фенер побара од судиите да погледнат една ситуација иако неговиот тим водеше убедливо, ова беше доволно за да Атаман се изнервира и пред време да си замине од теренот.
Ergin Ataman leaves the court with 36 seconds left in the game clock 👀 #EuroLeague pic.twitter.com/txnzvYJJpI
— BasketNews (@BasketNews_com) April 6, 2023