Црвена Звезда ја искористи можноста преку неговиот татко да го повика еден од најдобрите играчи во светот. Ако ништо друго, барем во публиката.
Таткото на Лука Дончиќ, Саша, беше присутен во првите редови на мечот меѓу Олимпијакос и Црвена Звезда. Саша изјави дека Лука може да го одржи ветувањето од 2017 година и во еден момент од кариерата да заигра за Црвена Звезда.
Од клубот испратија порака на социјалните мрежи до Словенецот.
Mesto te čeka pored tate ❤️🤍@luka7doncic #kkcz #TogetherWeCan #WeAreTheTeam pic.twitter.com/z10TXdfWEP
— KK Crvena zvezda Meridianbet (@kkcrvenazvezda) April 6, 2023