Шпанските медиуми пренесуваат дека и покрај страшниот пораз на Барселона против Реал Мадрид во Кралскиот куп од 0:4 и елиминацијата, сепак, раководството на клубот има комплетна доверба во тренерот Чави.
Веднаш по дебаклот, објавува „Спорт“ Чави и раководството имале итен состанок и му било дадено до знаење дека ја има комплетната доверба.
Периодот за Барса е исклучително тежок, се доживеаа елиминации во Купот, како и во Лигата на Европа, но останува фактот дека најверојатно ќе биде освоена титулата во Примера.