МЗТ Скопје гостин на Сплит: Немаме право на кикс, само со борбена игра ќе го освоиме Сплит!

117

МЗТ Скопје продолжува со битката во АБА-лига. Актуелниот македонски првак е гостин на Сплит (18 часот), меч кој мора да го добие, а потоа да чека на пораз на Борац Чачак од Црвена Звезда за да продолжи сонот за опстанок во јадранското друштво.

Нема многу филозофии околу оваа средба – единствениот рецепт е борбеност од прва до последна минута.

„Сите сме свесни колку е важен натпреварот против Сплит. Немаме право на „кикс“ до крајот, затоа сме подготвени да изгинеме на парктот за да дојдеме до посакуваната цел. Верувам дека со добра енергија и со борбена игра ќе може да славиме во славната сала „Грипе“ во Сплит“, изјави Војдан Стојановски.

На оваа средба улогата на главен тренер ќе ја има долгогодишниот асистент Васко Атанасов. Драган Николиќ и натаму е позитивен на коронавирус.

„Ова е натпревр во кој мораме да дадеме се од себе, да одиграме најдобро што можеме и да победиме ако сакаме да ги задржиме шансите за опстанок во АБА1. Изминатава недела се соочувавме со здравствени проблеми, но тоа не ја спречи екипата максимално да ги одработи подготовките за овој натпревар. Против себе имаме квалитетен тим што игра одлично, особено на домашен терен, а на нас е да го дадеме максимумот и да пробаме да останеме во игра во битката за опстанок меѓу најдобрите во регионот“, изјави Атанасов.

ПретходноОд НБА-лига право во војска!
СледноТренерот на Ефес не го дочека крајот – го напушти мечот пред време (ВИДЕО)