Женската македонска фудбалска репрезентација до 19. години со 3:0 предмалку на домашен терен ја совлада репрезентацијата на Гибралтар и на тој начин има освоено шест бода по две одиграни кола на квалификацискиот турнир.
Во далеку подобра игра од противникот, Македонија со головите на Паневска и Сеља, успеа да обезбеди убедлива предност уште пред полувреме, а потоа рутински да го доведе мечот до крај.
Сега, на ред е дуелот против лидерот на табелата Израел со кој директно ќе се судриме за пласман во следната фаза од квалификациите.