Британските медиуми во четвртокот објавија дека Челзи е подготвен да го купи португалскиот фудбалски репрезентативец Жоао Феликс, кој дојде на „Стемфорд Бриџ“ на позајмица до крајот на сезоната.
Жоао Феликс во Челзи дојде на почетокот на календарската година од Атлетико Мадрид, но англискиот тим не сака да го има само до крајот на сезоната, туку започна преговори за откуп на неговиот договор.
Атлетико, клубот чиј член е 23-годишниот Жоао Феликс од 2019 година, наводно бара 100 милиони евра за Португалецот, а Челзи е подготвен во целата приказна да го воведе и Кристијан Пулишиќ, американски Хрват, кој игра се помалку и помалку.
Според островските медиуми, Челзи го нуди Пулишиќ и одредена милионска сума, па сега чека одговор од Атлетико. Откако дојде во Челзи, Феликс одигра единаесет меча и постигна два гола.