Што и да се случи до крајот на сезоната со тимот на Ливерпул, на лето јасно е дека ќе има сериозна реконструкција на екипата. На сегашната што се вели и „пројде рокот“ многу од првотимците ќе го загубат тој статус, дел од нив ќе си заминат и ќе пристигнат нови.
Медиумтие во Англија велат дека еден од првите, ако не и прв кој ќе пристигне на Енфилд е репрезентативецот на Аргентина, и во моментов член на Брајтон, Алексис Мек Aлистер. Тоа е играч кој по вокација е универзалец и може да игра на многу позиции во тимот.
Челзи е исто така опција за него но таму сеуште немаат одлучено кој ќе биде менаџер следната сезона, а не пак засилуавње.