Македонскиот репрезентативец, Дарко Чурлинов и Барнли на седум кола до крајот обезбедија убава предност за учество во Премиер-лигата. Сето ова се случи по триумфот на тимот на нашиот фудбалер нод 1-2 на гостувањето против Мидлсброу.
Барнс и Робертс погодија за Барнли, додека единствениот гол за Мидлсборо го постигна Акпом од пенал во 48. минута од дуелот.
Во составот на Барнли не беше македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов, кој после репрезентативните настапи се пожали на повреда.
Promotion back to the #PL at the first attempt! 👏
We’ll see you soon, @BurnleyOfficial! Congratulations! pic.twitter.com/eMagjOLgM8
— Premier League (@premierleague) April 7, 2023