Битка за финале: Денеска паѓа одлука за првите финалисти во плеј-офот?

94

Денеска може да ги добиеме и првите финалисти во домашниот одбојкарски плеј-оф во машка и во женска конкуренција. Попладнево на програмата се по еден меч од реванш средбите од полуфиналната серија во двете конкуренции, па доколку гостите ги повторат резултатите од првите средби приказната за патот во финалето ќе заврши денеска.

Во машка конкуренција денеска од 20.30 часот Работнички 71&22 на домашен терен во салата „Н. Георгиева-Дуња“ го пречекува актуелниот шампион и освојувач на Купот на ОФМ, Струмица Никоб. Гостите на првата средба славеа со 3:1 и поведоа во серијата до две победи со 1:0, што значи дека им е потребен само уште еден успех за финале.

Слична е ситуацијата и кај дамите. Таму денеска реванш-полуфинале ќе одиграат Наковски Волеј и Јанта Волеј. Гостинките доаѓаат со предност од 1:0 во полуфиналната серија, а домашните ќе бараат победа за „мајсторка“. Преостанатите два меча од полуфиналната серија се закажани за следната недела во понеделник и вторник.

Денеска интересно ќе биде и во салата „Форца“ во Скопје, каде од 15 часот одбојкарките на Вардар ЕМ и Пелистер Волеј ќе го одиграат возвратниот меч од баражот за влез во Првата лига. Битолчанки на првиот меч дома славеа со 3:2, па сега скопјанки ќе се обидат да возвратат.

Прва лига (мажи), полуфинале (втор натпревар)

(денеска – 20:30) Работнички 71&22 – Струмица Никоб (0-1)

(понеделник – 19:00) ГОК Борец – Шкендија (0-1)

Прва лига (жени), полуфинале (втор натпревар)

(денеска – 16:30) Наковски Волеј – Јанта Волеј (0-1)

(вторник – 17:30) Фит Фан Волеј – Работнички (0-1)

Бараж за Прва лига (жени) (втор натпревар)

(денеска – 15:00) Вардар ЕМ – Пелистер В. (0-1)

 

ПретходноЃоковиќ само во еден случај не навива за Партизан!
СледноПелистер гостин во Скопје, дерби во Охрид!