Болоња ја изненади Аталанта и тоа среде Бергамо!

45

После 14 години пауза конечно победа на Болоња во Бергамо и тоа кај фаворизиратана Аталанта, која ја продолжи лошата форма во 2023 година.

Триумф на гостите со 0:2 и тоа со головите на Сансоне и Орсолини. Одличен настап на Болоња, која сега и тоа како се приближува на оние места на табелата во Серија А кои водат во Европа.

Во меч меѓу последните две екипи на табелата, Кремонезе како гостин среде Џенова успеа да ја победи Сампдорија со 2:3. Па така сега тимот на Дејан Станковиќ е “фенерџија“.

Домашните водеа со 2:1 се до 86.минута, но тогаш Кремонезе со головите на Лохошвили и на Серничола во 90+5.минут, успеа да освои три бода.

ПретходноМиовски асистира, Абердин победува!
СледноГолден Арт ја продолжи победничката серија!