Во Баку ќе се возат квалификации за стартните позиции на спринт трката?

113

Шефот на Ферари, Фредерик Васур, најави дека тимовите во Ф1 ќе ги поддржат можните промени во форматот на тркачкиот викенд за Големата награда на Азербејџан.

Според навајите, Формула 1 планира да го промени форматот за следната етапа која ќе се одржи во Азербејџан. Наместо два тренинга, предвидено е да се одржи само еден, а вториот ќе биде заменет со квалификации пред спринтот. Во овој случај, редоследот на стартот на главната трка ќе се одредува според петочните квалификации, а не според резултатот од спринтот.

„Ова еднаш ќе ги изедначи шансите на тимовите. Ова не се случува многу често, па затоа треба да се држите до него. Замената на тренинзите со квалификации ќе го направи викендот подинамичен. Можеме да разговараме зошто ова се прави толку доцна, но генерално, мислам дека сите тимови ќе ја поддржат идејата“, вели Васур.

ПретходноУкраинките едногласни: Не смееме да ја потцениме Македонија, тие се борат до крај
СледноКрена раце: Ирецот Мекарти издржа само 79 дена на клупата на Блекпул