Голден Арт попладнево како домаќин со 36:25 успеа да го победи тимот на Вардар Неготино, во меч од плеј – аут конкуренцијата во нашата елитна ракометна лига, со што ја продолжи победничката серија.
Интересно, гостите од Неготино имаа фуриозен старт, поведоа со 1:4, сепак како што одминуваше времето, домашниот состав полека, но сигурно ја сврте средбата во своја корист, па така на пауза се замина со резултат 14:13.
Во вториот дел веќе Голде Арт ја покажа сета своја сила, од минута во минута го зголемуваше водството за да на крај успеа да дојде убедлива победа од 35:25.
Милошевски постигна седум голови, а Шилегов шест кај победничкиот состав, додека кај гостите најдобар стрелец беше Адамовиќ со 11 погодоци.