Де Лихт му донесе победа на Баерн, Дортмунд со триумф против Унион Берлин! (ВИДЕО)

85

Попладнево се одиграа пет средби од 27.коло во Бундеслигата. Баерн потешко од очекувањата, само со 0:1 успеа да слави кај Фрајбург и тоа со голот на Де Лихт во 52.минута, па така го задржа и лидерското место на табелата.

Борусија Дортмунд на својот стадион со 2:1 против Унион Берлин и со тоа да остане на -2 бода во однос на лидерот Баерн. Мален и Мукоко беа стрелците за “милионерите“, Бехренс за гостите.

Мајнц и Вердер одиграа 2:2, сепак треба да се каже дека домашните во 90+4 минута постигнаа гол за 2:1, но само неколку секунди подоцна гостите, преку Фулкруг израмнија на 2:2.

Келн со 1:3 како гостин успеа да го победи Фрајбург, Леверкузен дома го доби Франкфурт со 3:1.

ПретходноПелистер според планот, Костески ја наполни мрежата на Бутел!
СледноМухареми: Сега секој меч за Струга ТЛ, и овој утре со Скопје, е како финале!