Дончиќ ја заврши сезона после една четвртина, Далас одлучи да не игра во плеј-ин (ВИДЕО)

1530

Кошаркарите на Далас не успеаја да стигнат до местото кое води во плеј-инот во НБА-лига. Синоќа Маверикс беа поразени од Чикаго Булс со 115-112 . Лука Дончиќ на оваа средба беше под нивото, бидејќи играше само 12 минути. додека пак Кајри Ирвинг не беше ниту во составот на овој дуел, тренерот одлучи да го одмори.

Словенецот зад своето име запиша 13 поени, пет скока и три асистенции. Кај победникот Вајт имаше 24 поени и 11 асистенции, еден помалку запиша Вилијамс, додека Вучевиќ беше стрелец на 20 поени и 10 скока.

“Сите сакавме шанса да најдеме начин да влеземе во плеј-ин и имавме намера да играме се додека некој не ни каже поинаку. И денес е денот кога ни беше кажано да направиме нешто поинаку. Затоа Лука играше во првата четвртина, а потоа заврши за оваа сезона“, го објави планот тренерот Џејсон Кид пред натпреварот.

Резултати: Шарлот – Хјустон 109-112, Индијана – Детроит 115-122, Вашингтон – Мајами 114-108, Атланта – Филаделфија 131-136 (прод.), Бостон – Торонто 121-102, Бруклин – Орландо 101-84, Милвоки – Мемфис 114-137, Њу Орлеанс – Њујорк 113-105, Далас – Чикаго 112-115, Сакраменто – Голден стејт 97-119, ЛА Лејкерс – Феникс 121-107

ПретходноБарса бара пари за да го купи Жоао Кансело
СледноОбрадовиќ по пласманот во Топ 8: Без нив не можеме да направиме ништо!