Елмас: Морав да напишам прво домашно, па да гледам фудбал

198

Во опширно интервју  за „ДАЗН“, македонскиот интернационалец и репрезентативец дава неколку интересни факти за неговото детство, во кое како што вели самиот сериозно му се посветил на образованието, што е и нормално се додека не станало јасно дека ќе стане професионален фудбалер на највисоко можно  ниво.

„Морав да учам и реодвно да ги пишувам домашните задачи. Мајка ми ми велеше дека не смеам да излезам од мојата соба се додека не научам се што ми е дадено како задача. Дури и кога имаше Лига на Шампиони. Моето семејство води бизнис и постојано се размислуваше на работата. Затоа татко ми речиси и да не гледаше фудбал. Сега е поинаку. Семејството е тука со мене“ – рече Елмас.

 

ПретходноКрена раце: Ирецот Мекарти издржа само 79 дена на клупата на Блекпул
СледноНестор изнуди пенал, Удинезе се спаси од пораз (ВИДЕО)