Зошто Далас намерно се откажа од плеј-ин? Кид вели било деловна одлука!

870

Далас Маверикс оваа сезона нема да игра во плеј-офот. Откако синоќа тексашаните загубија од Чикаго на домашен терен со 115:112 и математички останаа без можност за пласман во плеј-офот.

Како што рече по мечот тренерот Џејсон Кид, тоа била деловна одлука која дошла директно од сопственикот на Далас Маверикс, Марк Кубан.

„Деловните одлуки понекогаш се тешки. Ние се обидуваме да изградиме шампионски тим и затоа сега беше одлучено да се направи чекор назад. Оваа одлука дојде од моите шефови и ми рекоа да ги испочитувам. Им верувам на Марк Кубан и Ник Херисон, тие ќе ги спојат парчињата и ќе не стават во позиција да можеме да се бориме за шампионската титула и ова е процесот што го правиме денес“, објасни Џејсон Кид.

Кајри Ирвинг не играше против Чикаго Булс во претпоследниот натпревар сезонава, додека Лука Дончиќ одигра само 13 минути, а потоа беше ставен на клупата. Сите се прашуваат зошто Далас го направи тоа? Работата е едноставна: Мораа да бидат надвор од плеј-ин за да бидат во позиција да го задржат пикот на драфтот, а тоа можеа да го направат само со пораз од Булс.

Сега во ваква ситуација, ќе го задржат пикот на драфтот во НБА, бидејќи ако влегоа во Топ 10, ќе беше заштитен и ќе им припаднеше на Њу Орлеанс Пеликанс.

ПретходноОсимен е неизвесен и за првиот меч со Милан во Лигата на шампионите
СледноУкраинките едногласни: Не смееме да ја потцениме Македонија, тие се борат до крај