Англискиот второлигаш Блекпул ќе мора да си бара нов тренер, откако Мик Мекарти се повлекува од позицијата на која дојде пред неполни три месеци.
Искусниот Ирец нема да биде човекот кој ќе го спасува Блекпул за опстанок во втората најдобра англиска лига. Тој дојде на кормилото во јануари, а по само 79 дена работа на клупата на Блекпул реши да си замине.
„По неодамнешните настапи и резултати, внимателно размислував и чувствувам дека тоа е најдобрата одлука за сите во овој клуб. Ми се допадна времето овде и им благодарам на сите за поддршката. На сите им посакувам се најдобро“, вели Мик Мекарти, кој забележа две победи на 14 натпревари на кормилото на Блекпул.
Блекпул е под линијата на табелата во Чемпионшип на само шест натпревари до крајот на сезоната.