Лацио го совлада Јувентус со 2:1 во 29 коло на Серија А и се зацврсти на второто место на табелата. Јувентус го доживеа шестиот пораз и се оддалечи од местата кои водат во Европа идната сезона, а од таборот на „Старата дама“ негодуваат за првиот гол на Лацио за кои се сигурни дека имало прекршок.
Алекс Сандро падна на тревата, а Милинковиќ-Савиќ ја прими топката на гради и постигна гол за водство во 38 минута. Според гостите, тој гол не смееше да го признае судијата Лука Марели затоа што имало прекршок (ОЦЕНЕТЕ САМИ).
Изедначи Алекс Рабио во 42 минута.
А во 53 минута видовме прекрасна акција на фудбалерите на Лацио и завршница на Матија Закањи. За него тоа е 10-ти гол, првпат стигнува до двоцифрен број на голови во една сезона. Тој погодок се покажа како решавачки.
Non so che dire. Giudicate voi. #LazioJuventus pic.twitter.com/3lCn9i398h
— Daniele De Felice (@DanieleBibo) April 8, 2023
Lazio lead again at the Olimpico. 2-1. Mattia Zaccagni goal ⚽.#LazioJuventus pic.twitter.com/F90mHFHRbX
— $ (@samirsynthesis) April 8, 2023