Меси и Рамос му донесоа победа на ПСЖ во Ница (видео)

377

Со головите на Лео Меси и Серхио Рамос екипата на Пари Сен Жермен ја совлада Ница со 2:0 во француската Лига 1 и со тоа си „купи“ малку мир после бурните неколку недели во кои имаа неколку лоши резултати.
Меси го постигна 702 клупски гол, а 19-ти за ПСЖ сезонава односно 14-ти во првенството.
Интересно, Ница можеше да изедначи во 51 минута меѓутоа по реакција на ВАР голот не беше признат. Милиметри беа во прашање по ударот на Данте.
ПСЖ е лидер со 69 бода по 30 меча, шест повеќе од вториот Ленс.
Ница е на осмото место.

ГОЛОТ НА МЕСИ ОВДЕ

ГОЛОТ НА РАМОС ОВДЕ

ПретходноШок за Реал на „Бернабеу“, на Барселона и се смешка титулата
СледноСлавниот руски фудбалер “удри“ по Путин: Војната во Украина мора да престане!