Според италијанските медиуми, Милан нема да го продолжи договорот со Златан Ибрахимовиќ.
41-годишниот шведски напаѓач во јуни станува слободен играч, а на „Сан Сиро“ веќе прават планови без својата ѕвезда. Тој одигра само четири натпревари оваа сезона бидејќи паузираше седум месеци поради операција на коленото.
Сè уште не е познато дали Ибрахимовиќ ќе се пензионира, но некои извори пишуваат дека тој е во преговори со Монца, клуб од средната маса во сопственост на Силвио Берлускони, долгогодишниот претседател на Милан.
Некои медиуми пренесуваат дека оваа одлука е шокантна за Златан бидејќи очекувал да биде дел од тимот и следната сезона.
Дали навистина ќе заврши приказната со Милан останува да видиме во следниот период.
🚨 Milan’s plans for next season:
– Ibrahimovic’s contract will not be extended
– Leao and Giroud will sign new deals
– Origi will not be retained in the team
– Club is actively looking to sign a center forward, right winger and a defensive midfielder[@Santi_J_FM] pic.twitter.com/rIBnOCbVEc
— Milan Eye (@MilanEye) April 7, 2023