Наковски В. избори “мајсторка” за финале, Вардар ЕМ останува прволигаш

130

Одбојкарките на Наковски Волеј извојуваа победа од максимални 3:0 над Јанта Волеј во вториот меч од полуфиналето на женскиот прволигашки плеј-оф и се изборија за “мајсторка” на патот до финалето.

За разлика од првиот меч во кој Јанта Волеј ја искористи предноста на домашниот терен, сега немаше сили за втора победа која ќе им обезбедеше уште едно финале. Одлуката за патникот во финалето на плеј-офот ќе падне на третиот меч чиј домаќин ќе бидат скопјанки.

Одбојкарките на Вардар ЕМ, пак, денеска ја совладаа екипата на Пелистер Волеј со 3:0 и го задржаа прволигашкиот статус и за следната сезона. Во реванш баражот во Скопје, “вардарки” по поразот од 2:3 на првиот меч во Битола, дојдоа до максимална победа која им гарантира место во елитноро одбојкарско друштво и следната сезона. Пелистер Волеј и следната сезона ќе остане второлигаш.

Прва лига (жени)
Полуфинале на плеј-оф
Наковски Волеј – Јанта Волеј 3:0 (25-21, 25-18, 25-22) / (1-1)
Бараж за Прва лига (жени) Реванш меч
Вардар ЕМ – Пелистер Волеј 3:0 (25-10, 25-23, 25-19) / (прв меч 2:3)

ПретходноКожув со блескава последна четвртина го “нокаутираше“ Гостивар!
СледноСити лесно со „фенерџијата“, Халанд стигна до 30 голови во Премиер лигата