Со двата гола на Езалзоули во вториот дел од мечот, тимот на Осасуна успеа со преврт да дојде до домашна победа против тимот на Елче од конечни 2:1.
Иако гостите преку Тете Моренте во првиот дел изненадувачки поведоа, сепак, Осасуна се созема во продолжението од мечот и со два гола успеа да направи резултатски пресврт.
Со овие три бода, тимот на Осасуна е седма со 38 бодови, додека Елче со 13 бода веќе е преселен во Секунда.