Виктор Осимен се уште е под знак прашалник за настап на натпреварот од Лигата на шампионите против Милан. Тренерот на Наполи, Спалети, вели дека не може со сигурност да потврди дали Нигериецот ќе настапи на првиот дуел во среда.
„Мораме да бидеме многу внимателни со Осимен. Се надевам дека ќе игра против Милан во Лигата на шампионите, но се уште не сме сигурни“, изјави Лучијано Спалети.
За време на настапите за Нигерија, Осимен го повреди мускулот по што веќе пропушти два првенствени натпревари.
„Осимен е фудбалер кој би играл на секој натпревар. Ништо не е спорно со него, но затоа лекарите, мојот персонал и јас мораме да бидеме многу внимателни со него. Да играше против Лече, ќе ризикуваше да ја влоши повредата. Моравме да му дадеме уште малку време да се опорави. По повредата тренираше само лесно, но останува да видиме како ќе реагира на поголеми напори“, дополнил Спалети.