Пелистер гостин во Скопје, дерби во Охрид!

307

Продолжува битката за титулата, но и за опстанок во ракометниот шампионат. За денеска се предвидени три средби, две од плеј-офот и една од плеј-аут.

Пелистер, кој се врати во живот за пехарот, му гостува на Бутел Скопје, дуелот е закажан со почеток во 16 часот. Ова треба да бидат сигурни бодови за битолчани во трката за врвот.

Три часа подоцна во „Билјанини Извори“, Охрид ќе го пречека вториот тим на Пелистер. Овој меч се очекува да биде дерби на саботната програма, гостите имаат седум бода и се шести на табелата, додека пак домаќинот има бод помалку.

Во плеј-аут лигата, Голден Арт ќе ја бара шестата победа и шанса да се искачи на врвот на табелата, каде во овој момент е Куманово, кој на вчерашната средба со Јуниор К.В освои само бод.

08.04.2023 – САБОТА
16:00 часот РК ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР – РК БУТЕЛ СКОПЈЕ
17:00 часот РК ГОЛДЕН АРТ КЛ7 – РК ВАРДАР НЕГОТИНО
19:00 часот ГРК ОХРИД – РК ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2
09.04.2023 – НЕДЕЛА
12:00 часот РК ПРОЛЕТ 62 – РК ВАРДАР 1961
17:00 часот РК РАДОВИШ – РК ПРИЛЕП
20:00 часот РК АЛКАЛОИД – ГРК ТИКВЕШ 2014 – пренос во живо на МРТ
ПретходноБитка за финале: Денеска паѓа одлука за првите финалисти во плеј-офот?
СледноОсимен е неизвесен и за првиот меч со Милан во Лигата на шампионите