Пелистер според планот, Костески ја наполни мрежата на Бутел!

98

Пелистер ја оправда на дело фаворитската улога против Бутел. Битолскиот тим на домашен терен го совлада скопскиот состав со 26-18 (15-11) во рамките на осмото коло во плеј-офот.

Гостите добро се држеа во првиот дел, беа рамноправен противник до пред одморот, кога противникот со серија од 5-2 зголеми на 15-11 на полувремето. Во вториот дел од мечот сликата се промени, ракометарите на Пелистер „притиснаа“ онолку колку што беше доволно за да дојдат до поголема позитива за мирен финиш.

Ненад Костески со осум гола беше прв стрелец кај победникот, зад него со четири погодоци беше Марио Танкоски. Во редовите на гостинскиот тим, Мајиќ одново беше најдобар, исто запиша осум гола, недоволни за изненадување.

ПретходноВМФЛ: Спектакл во Струга, Караорман го доби „езерското дерби“, Воска и Гостивар убедливи, кикс на Пелистер!
СледноДе Лихт му донесе победа на Баерн, Дортмунд со триумф против Унион Берлин! (ВИДЕО)