Савевски: Ќе преземам комплетна одговорност ако нема напредок

310

Македонската женска ракометна репрезентација го загуби првиот меч со Украина во квалификациите на домашен терен (22:24). Девојките имаа одлично второ полувреме меѓутоа не успеаа да направат комплетен пресврт. Клучот беше лошата игра во првиот дел кога имаа и негатива од шест голови.
Многу лошо, слаби бевме во одбрана и напад, а и голманките имаа слаб ефект во првото полувреме. Не можеше да се види дека сме работеле добро. Во вториот дел одигравме подобро и се виде дека младите играчи може многу да дадат.
Се надевам дека на реваншот во Унгарија каде што ќе играме ќе бидеме подобри. Разликата во квалитет не е голема. Овој пат Украинките покажаа брза игра, но и тие прават грешки. Во оваа ситуација со овие играчи мислам дека една мотивирана екипа која ќе почне добро, и да се поправиме, одиме да изненадиме во вториот меч. Немаме друг избор“, изјави селекторот на нашата репрезентација Љубомир Савевски.

Викам дека правиме репрезентација, но треба повеќе време. Но, колку е тоа време ќе видиме. Треба да созреат младите девојки. Немаме друг избор, немаме многу играчи да донесеме. Ова се најдобрите играчи. 

Ако нема напредок во репрезентацијата ќе преземам комплетна одговорност. Сите имавме големи очекувања, имавме добро расположение, очекувавме да одиграме многу подобро и да победиме, ги гледавме мечевите на Украина. Искрено, ме изненадија во првиот дел кога играа брзо, а имавме и многу исклучувања. Слабата реализација секогаш ни е проблем. Така беше и со Франција, игравме добро, но имавме четири промашувања и потоа направија разлика. Мораме да знаеме на што сме. Лажни надежи не ни требаат во овој момент“, вели Савевски.

ПретходноХаос на мечот Тотенхем-Брајтон, тренерите ќе се испотепаа (видео)
СледноКајл Вокер заврши со Сити