Сити лесно со „фенерџијата“, Халанд стигна до 30 голови во Премиер лигата

103

Манчестер Сити продолжува во победнички стил. Ерлинг Халанд се врати во првиот тим, постигна два гола, а „граѓаните“ славеа на гостувањето кај Саутемптон со 4:1 во 30 коло на Премиер лигата.

Халанд го отвори резултатот во 45 минута со 100. асистенција на Кевин де Брујн во Премиер лигата. Другите голови паднаа во второто полувреме. Грилиш зголеми на 2:0, а потоа Халанд со „ножички“ зголеми на 3:0 што е негов 30. гол сезонава.
Во меѓувреме Мара намали, а веќе во следната акција Алварез од пенал да ги постави конечните 4:1.

Сити е втор со 67 бода, пет помалку од лидерот Арсенал. Саутемптон е последен со 23 бода.

ГОЛОТ НА ХАЛАНД СО „НОЖИЧКИ“

ПретходноНаковски В. избори “мајсторка” за финале, Вардар ЕМ останува прволигаш
Следно„Нема предавање“ порача Ристовски по триумфот на Динамо со пресврт