Баерн Минхен како гостин успеа да победи кај Фрајбург, и со тоа да му се одмазди за поразот во Купот, но капитенот на “баварците“ Џошуа Кимих и тоа како се “прослави“.
На крајот од мечот Кимих напарави срамен потег, најблаго речено ликуваше кон домашните фанови, по што дојде до инцидент.
Сите во домашниот табор беа гневни, без разлика што капитенот на гостите после се извинуваше, а коментаторот на Скај, легендарниот Дитмар Хаман истакна:
„Ова го гледаат и младите фанови, на Кимих ова не му требаше. Верувам во карма, на крајот се ќе ви се врати. Да не заборавиме дека Баерн сега игра со Сити во ЛШ“.
who is this random man and why is he pushing kimmich stop piping up 😂😭 pic.twitter.com/gPWrdbpS0J
— thomassist (@thomassist25_) April 8, 2023