Тренерот Андоновски се врати, Охрид победи

78

Тимот на Охрид успеа да го совлада Еурофарм Пелистер 2 во 8.коло на плејофот. На клупата на домашниот тим седеше Горан Андоновски кој минатата недела му се слоши на мечот со Бутел па беше пренесен во болница. Сега се врати со победа, а Охрид има 9 бода со што е на петтото место на табелата.
Кај Охрид најефикасен беше Словенецот Гал Цицар со 12 гола, а пет гола реализира Владимир Бојаниќ. Кај битолчани, по четири гола постигнаа Ивановски и Мијушковиќ.
Идното коло Охрид ќе игра со Вардар, а Е.Пелистер 2 со Бутел.

ПретходноМногу важна победа на Рома во Торино
СледноХаос на мечот Тотенхем-Брајтон, тренерите ќе се испотепаа (видео)